Затвор за Бобек Шуклев, Славе Ристевски и Драги Јанев

Овие професори се осудени за Скандалот кој со години го тресеше Економскиот факултет во Скопје. Тие примале поткуп, а добија и забрана за вршење на дејност за вршење на професијата поради случајот “Еразмус“.

Судијата Туфегџиќ при изрекување на пресудата кажа дека Шуклев барал 1.000 евра за да напише оценки по два предмети, а да помогне на испит барал секс и придружба во ресторани и шопинг-центри надвор од Македонија.

И Драги Јанев, кој е осуден на две ипол години затвор судијата кажа дека исто како Шуклев барал пари, но и сексуални услуги.

“Судот ја имаше во предвид и возраста на обвинетите и фактот што тројцата професори што сега се обвинети се веќе во пензија а во таа смисла и цел на казнувањето за кривичните дела е токму заштита на образовниот процес, образовната установа, и во таа смисла судечкиот совет смета дека изречената казна забрана за вршење дејност и професија значи нивно оддалечување на од  образовниот процес во целина и оневозможување на било каква форма на натамошен ангажман и било каков контакт со студенти” – рече судијата задолжен за предметот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.