Затишје на нафтените берзи, цената стабилна околу 118 долари

Цената на нафтата се стабилизираше во понеделникот на близу 118 долари за барел при скромно тргување, црпејќи поддршка од очекувањата за зајакнато закрепнување на светската економија и продолжената напнатост на Блискиот исток.На лондонската берза цената на барел сирова нафта незначително порасна, на 117,78 долари. Американската берза денеска е затворена поради државен празник, а во електронско тргување цената на барелот падна за 25 центи, на 95,61 долари.Слабиот обем на тргување аналитичарите го толкуваат со податокот што денеска е ден на претседателот во САД, како и поради меѓународниот собир на нафтената индустрија во Лондон.„Поради празникот во САД и почетокот на Меѓународната недела на нафтата, многу луѓе од нафтената индустрија денеска нема да работата“, веле Оливие Јакоб од женевски Petromatrix.Минатонеделните податоци од американската економија покажаа дека забавува закрепнувањето на економските активности во најголемиот светски потрошувач на нафта во јануари, иако закрепнувањето на активностите во сојузната држава Њујорк во февруари сигнализираат дека може би станува збор за привремена слабост.„И натаму од САД пристигнува мешовите слика. Производството во индустријата било послабо од очекуваното, но тоа не би требало да влијае на општиот нагорен тренд“, рече Јакоб.Напнатоста поради иранската спорна нуклеарна програма и натаму ја поттикнува загриженоста во врска со снабдувањето.Разговорите помеѓу Иран и големите светски сили и натаму тапкаат во место, а инвеститорите се во очекување на состанокот договорен за 26 февруари.
МакфаксЦената на нафтата се стабилизираше во понеделникот на близу 118 долари за барел при скромно тргување, црпејќи по

Пронајдете не на следниве мрежи: