Затуровска: Заев е многу внимателно и вешто одбрана личност која треба да го зададе најголемиот удар на Република Македонија

После 11 годишни напори преку најразлични сценарија користејќи недемократски методи од страна на политичка партија која сама се прокламира дека е демократска, со поддршка од внатрешни и надворешни центри кои никако не сакаат оваа мала земја Македонија да ја видат економски стабилна, просперитетна, напредна туку сакаат истата да биде алатка за поткусурување и задоволување на нечиви болни амбиции, СДСМ ја остварува својата цел, истакна на денешната собраниска седница пратеничката Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ.-Ќе потенцирам и посочам не со амин на македонските граѓани, туку со насилнички методи со уривање на Уставот, законите и деловникот на Собранието. Со различни конструкции се успеа на недемократски пат да се заземе власта и сега ширум е отворена вратата за клекнување на колена на македонските граѓани благодарение на СДСМ заедно со личноста која не случајно е поставена за лидер на СДСМ и не случајно е протуркан до мандатар, напротив е многу внимателно и вешто одбрана личност која треба да го зададе најголемиот удар на Република Македонија и нејзините граѓани, за сите граѓани кои живеат во оваа земја, вели Затуровска.
Таа додаде дека согласно искуството за тоа како СДСМ ја практикува власта, она што оваа гарнитура на политичари ќе оставеле зад себе после еден краток период, ќе било полошо и од ураган.
-Едно е да владееш и ништо да не направиш, ќе кажеш не ги бивало немале капацитет, но сосема е друго да бидеш на власт и да направиш крупни стратешки грешки. СДСМ за грешките упорно беа казнувани од граѓаните за грешките речиси сите изборни циклуси во Македонија. во историјата на изборните процеси СДСМ има само еднаш добиено легитимитет од граѓаните, сите останати пати имаат само опомени за грешните политики. Така беше и овој пат, но сега се дрзнаа да одат чекор повеќе и да направат преседан прегазувајќи на демократијата, но и волјата на граѓаните, посочи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во моментов имаме пластелин влада која лесно се обликува во форма погодна на нарачателот. Сензационалноста позната под името Заев и неговата ССМ после спроведената агенда ќе остане само лошата слика во историјата на земја која го изгубила својот идентитет, јазик, култура, државноста за неколку месеци или години власт и секако многу пари. Парите ќе се потрошат, славата за успешно завршената работа ќе спласне, но затоа засекогаш ќе остане безимениот македонски народ со променет идентитет, име, нагласи Затуроска.-Ќе потенцирам и посочам не со амин на македонските граѓани, туку со насилнички методи со уривање на Уставот, законите и деловникот на Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи: