Захарова: Западот се пењави, од устата им излегува зелен гној, нека се задушат од него

На вториот ден од претседателските избори во Русија, портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека Западот минатата година се обидел да ги наруши изборите.

„Западните противници на Москва изминатава година активно се обидуваа да ги нарушат руските претседателски избори. Нашите противници не се разбрануваа пред само една недела или еден месец. Ми се чини дека во изминатата година направија сѐ за да ги нарушат претседателските избори или да ги спречат да се одржат или на различни начини ја искривуваа концепцијата на изборите.“

„Западот организираше кампањи за дезинформација и влијание во сајберсферата – од ширење соодветна содржина до блокирање на апликациите на руските организации на дигиталните платформи, што е исто така многу сериозен елемент на влијание“, изјави Захарова за ТАСС.

„Западот користеше и платена опозиција, за која се покажа дека се агенти на влијание и едноставно платеници. Значи, беа употребени сите методи. Но ништо не му помага на Западот. Единството на руските граѓани во екот на претседателските избори во земјата предизвикува гнев кај Западот. Земјата се консолидираше и е единствена целина. Покрај тоа, таа е заедништво пред очигледна закана. Ова заедништво е особено важно за решавање на задачите што ни претстојат.“

„Нашето заедништво предизвикува дивјачки гнев, омраза и агресија од Западот. Веќе се пењават, од устата им излегува некој зелен гној. Нека се задушат од него“, изјави Захарова за ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи: