Зачинете ја храната за да бидете здрави: За што се добри босилекот, нането, лукот…?

Зачините можат да дадат неверојатен вкус на храната, но истовремено се многу полезни за здравјето. Ете зошто нутриционистите советуваат да не ги избегнуваме и да го искористиме максимално она што тие можат да ни го дадат.
Босилек – има противоспалителен ефект, ја намалува болката предизвикана од артрит. Содржи флавоноиди што ги штитат човечките клетки од радиација и други штетни влијанија. Многу е ефикасен при инфекции.
Канела – се користи при лекувањето на диабет. Студиите покажале дека канелата може да го намали нивото на гликоза и да ја зголеми инсулинската чувствителност и да го подобри липидниот профил.
Магдонос – тој е извор на витамините А, Ц и К. Исто така содржи антиоксиданси и може да помогне за оптимизирање на функцијата на срцето и крвните садови.


Нане – со помош на антиоксидантите што ги содржи може да помогне за намалување на ризикот од рак. Помага при проблеми со стомакот, киселини и подобрување на варењето на храната.
Кантарион – има антибактериско дејство и е добар извор на железо, магнезиум и манган. Успешно го контролира нивото на шеќер во крвта и холестеролот. Освен тоа во комбинација со масло е идеален за разни кожни болести.
Лук – има антибактериско и антивирусно дејство. Може да го намали ризикот од рак и висок холестерол. Содржи Б6 и Ц кои се неопходни за правилната функција на срцето и крвните садови.
Лута пиперка – го стимулира метаболизмот, а капсицинот што го има во лутото го активира согорувањето на енергија и разградување на мастите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.