Ако сте уморни од готвење или печење компири, пробајте го ова лесно јадење што сигурно ќе го обожавате!
Состојки:
1 кг компири
кромид
околу 300 гр колбаси
5 варени јајца
2 неварени јајца
2 дл павлака
малку млеко
околу 200 гр кашкалав
сол, бибер
Подготовка:
Подмачкајте огноотпорен сад, ставете исечен кромид, одозгора наредете ред компири исечени на кругови, ред колбаси, ред варени јајца. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Изматете 2 јајца и павлака (додадете малку млеко), сол и прелијте ги компирите. Печете околу 40 минути. Кога компирот ќе пожолти, ставете преку него рендан кашкавал да се стопи убаво.