Заштитна фолија, затемнети стакла или церада – што најдобро го штити ентериерот на возилото од сонце?

Постојат различни методи кои можат да се користат за да се спречи претераното загревање на внатрешноста на возилото од сончева светлина.
Германскиот авто-клуб „ADAC“ тестирал 7 примероци на моделот „Dacia Duster“. Освен референтното возило без дополнителна опрема, биле подготвени и неколку автомобили со опрема за заштита од сонце, а било додадено и возило со затемнети стакла, како и еден автомобил со бела и еден со црна каросерија.
По повеќе од 4 часа на силно сонце, биле измерени температурите на ентериерот.
Во возилото без дополнителна опрема, било 53 Целзиусови степени на возачкото седиште. Десет степени помалку и воедно најстудено било во возилото покриено со церада. Со 45 Целзиусови степени, во возилото со надворешна заштитна фолија исто така било значително постудено од референтниот автомобил.


Рефлектирачкиот штитник за сонце поставен внатре (49 Целзиусови степени) и белата ткаенина на контролната табла (50 Целзиусови степени) биле помалку ефикасни. Затемнувањето на задните стакла, исто така резултирало со намалување на температурата од само 2 степени, кога станува збор за возачкото седиште. Меѓутоа, во возилото биле измерени само 48 Целзиусови степени на задните седишта, наместо 57 Целзиусови степени како во возилото без дополнителна опрема.
Генерално, „ADAC“ препорачува употреба на било каква заштита од сонце бидејќи тоа може да помогне во намалување на температурата на внатрешните површини.
Во текот на испитувањето, управувачите и контролните табли достигнале температура и до 70 Целзиусови степени.
На крајот, при споредбата на возилата со црна и бела каросерија, имало јасни температурни разлики во надворешната површина – 65 Целзиусови степени измерени кај темниот автомобил и 44 степени кај белото возило, додека одвнатре црниот „Duster“ се загреал за барем 5 степени повеќе од белиот автомобил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.