Македонија доби претставник во највисокото раководство на Парламентарното собрание на ОБСЕ, откако пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, беше избрана за потпретседателка на организацијата на годишната сесија што се одржа во Хаг.
Зајкова ја доби поддршката од парламентарните делегации на 57 земји членки на ОБСЕ од Европа, Северна Америка и Централна Азија, победувајќи во трката каде кандидати за истата функција имаа и претставници од Полска, Франција и Словенија. По изборот, таа истакна дека функцијата претставува големо меѓународно признание, не само за неа и за ЛДП, туку и за целата држава.
„Ова е успех за сите мои сограѓани. Во Хаг покажавме дека можеме рамноправно да се натпреваруваме со претставници на најмоќните демократии во светот. Треба повеќе да веруваме во сопствените капацитети и во тоа што Македонија може да го понуди на Европа и светот“, изјави Зајкова.
Новоизбраната потпретседателка изрази благодарност за поддршката во рамки на македонскиот тим, но ги наведе и нејзините клучни фокус-точки за претстојниот мандат.
Пронајдете не на следниве мрежи:



