Заљубете се во оваа личност

Заљубете се во некој кој има сила да се бори за вас. Кој ќе направи што е потребно и што е во нивна моќ за да биде со вас, без оглед на препреките кои стојат на патот.
Заљубете се во некој кој ќе биде до вас кога ви е најтешко.
Заљубете се во оној кој ве сака, а не сака само да спие со вас. 
Заљубете се во личност која ќе биде со вас и кога сите други ќе ве напуштат.
Заљубете се во некој кој не ги гледа вашите маани, туку вашите доблести.
Заљубете се во оние кои ве охрабруваат и помагаат да бидете подобри.
Заљубете се во личноста која ги игнорира сите лоши зборови за вас, која верува во вас и не се грижи за ништо.
Заљубете се во оние кои ве сакаат без оглед на стресот, одалеченоста и времето.
Заљубете се во таа личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.