За Атлетико само бод кај Алмерија, Барса убедлива со Хетафе


Атлетико Мадрид освои само бод во дуелот со последнопласираната Алмерија, ремизирајќи 2:2 во последниот саботен натпревар од 26. коло од шпанската Ла Лига, и покрај тоа што тимот на Диего Симеоне двапати беше во водство.

Мадриѓаните поведоа веќе во 2. минута со голот на Анхел Кореа. Лука Ромеро израмни во 27. минута. Родриго де Пол им донесе ново водство на гостите во 57. минута, но седум минути подоцна Родриго де Пол повторно се најде на вистинското место во вистинско време и ги постави конечните 2:2.

Атлетико е на четвртото место со 52 бода, додека Алмерија со третото последователно реми стигна до девет бода, но сѐ уште ја чека првата победа сезонава.

Фудбалерите на Алавес и Мајорка одиграа 1:1 во вториот натпревар од саботната програма. Мрежите мируваа до 76. минута, кога Карлос Бенавидес ги доведе домашните во водство. Фудбалерите на Мајорка, сепак, успеаја да ја напуштат Баскија непоразена благодарение на Матија Настасиќ, кој постигна гол во 88. минута за конечните 1:1.

Алавес со 29 бодови моментално е на 12-то место, додека Мајорка е на 16-та позиција со 24 бодови, седум повеќе од првиот тим во зоната за испаѓање, а тоа е Кадиз. Тимот од Андалузија има натпревар помалку од Мајорка.

Фудбалерите на Барселона со 4:0 (1:0) го победија Хетафе и по долго време се вратија на второто место. Барселона својата превласт на „Олимпискиот стадион“, каде сезонава ги игра домашните натпревари, ја крунисаа првпат во 20. минута кога Рафиња ја затресе мрежата на гостите од предградието на Мадрид. Жоао Феликс во 53. минута ја зголеми предноста на Каталонците, а Френки де Јонг во 61. минута погоди за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Фермин Лопез во втората минута од судиското продолжение.

Барселона собра 57 бода на 26 настапи и се доближи на пет бода од лидерот Реал Мадрид, кој има натпревар помалку. На третото место е Жирона со 56 бодови и исто така натпревар помалку од Барселона. Хетафе е на десеттата позиција со 34 бодови.

Пронајдете не на следниве мрежи: