четврток, 12 ноември 2026
Најново

За две недели ќе има решение за името

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, изрази оптимизам дека грчкиот спор во врска со името на Македонија би можел да се реши во следните 15 дена, пренесува Независен.мк.

“Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ “, изјави тој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

“Мислам дека сите се согласуваат дека ова ќе биде корисно за земјата, за општеството и целиот регион на Западен Балкан”, додаде тој.

Хан рече дека Македонија ја надмина длабоката политичка криза и постигнува напредок во спроведувањето на реформите и во одржувањето на добрососедските односи, но предупреди дека “нема време за самозадоволство”.

Коментирајќи за Турција, Хан рече дека земјата се движи подалеку од Европската унија, особено во однос на човековите права и владеењето на правото и се осврна на неодамнешниот извештај на Комисијата за земјата.

Поврзани вести