За еден денар се намалува акцизата на бензините, во најава намалување и кај дизелот

За еден денар се намалува акцизата на бензините од 3 на два денари и заедно со намалувањето од половина денар со кое се опфатени сите горива, новата малопродажна цена на бензините ќе биде за денар и пол пониска. Но акцизата кај дизелот останува иста односно 3 денари бидејќи според пресметките потребно е дизелот на светски берзи да порасне за уште околу 30 долари во просек како услов да се намали и таму акцизата за еден денар.


Уредбата со која е воведена акцизата од три денари за нафтените донесена во периодот кога драстично паднаа цените на нафтените деривати на светските берза и заради корона кризата, предвидува и постепено укинување на акцизата како ќе растат цените.
Новите цени кои ќе важат од ноќеска на полноќ се за половина денар пониски односно бензините со намалувањето од денар и пол ќе бидат по цена од 60 денари за 95 октанскиот и 62 денари за 98 октанскиот додека дизелот со новата цена ќе биде 53 денари и екстра лесното или црвената нафта ќе биде 52,5 денари со што се изедначува со дизелот за да нема простор за малверзации .
Регулаторната комисија најави дека следната недела ќе одлучува за новите цени на електричната и топлинската енергија со оглед на фактот што државните енергетски компании имаа намален извоз на струја од 22 милиони евра лани годинава на 5 милиони евра заради намалената потрошувачка во регионот а двојно се намелени и парите кои се земаат за меѓу граничен пренос од 22 милиони евра лани на 11милион евра годинава

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.