За здраво и затегнато тело: 3 чаеви за елиминирање на целулитот и масните наслаги

Речиси секоја жена барем еднаш во животот се соочила со борба против целулитот. Неговата појава не е секогаш поврзана со вишокот килограми, па дури и жените кои имаат речиси совршена фигура можат да добијат изглед на кора од портокал. Најподложни се жените кои имаат генетски предиспозиции, кои не се занимаваат со физичка активност, не пијат доволно течности, земаат контрацептивни пилули и се хранат нездраво.
Во природата се скриени многу лекови за различни здравствени и козметички проблеми, па така таму може да се најде и совршено решение за целулитот. Дознајте кои 3 чаеви се најдобро решение против целулитот:


1. Чај од глуварче
Овој чај е природен диуретик и има антивоспалително дејство. Помага во чистењето на телото од токсини и поттикнува здрава циркулација. Богат е со витамини А, Б, Ц, и Д, а содржи и железо, магнезиум, цинк, манган, бакар и калциум. Делотворен е во регулирање на хормоните, го забрзува метаболизмот и помага за да се исфрли вишокот вода од телото, а со самото тоа брзо го ослободува целулитот.
2. Чај од магдонос
Богат е со витамините А, Ц и Е, и е одличен за детоксикација. Чајот од магдонос го елиминира вишокот вода од телото и ги исфрла насобраните штетни материи од организмот. Истражувањата покажуваат дека овој чај може да го намали насобирањето масни наслаги, додека истовремено ја затегнува и ја зацврстува кожата. Овој пијалак го поттикнува произведувањето на колаген и го забавува процесот на стареење.


3. Зелен чај
Го забрзува метаболизмот и помага во процесот на слабеење. Содржи бројни антиоксиданти кои позитивно влијаат на здравјето на целото тело доколку чајот се пие редовно. Познат е како согорувач на масти и пијалак кој го чува младешкиот изглед, а искуствата покажуваат дека е добар и во спречувањето на појава на масни наслаги на површината на кожата и ја спречува појавата на целулитот. Влијае на еластичноста и затегнатоста на кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.