За колку време стомакот вари различни видови храна?

Можеби за вас е вистинска мистерија прашањето колку време му е потребно на стомакот да свари одредена храна.

Храната може да се подели на храна што брзо се вари и храна што се вари полека. Ако консумирате многу храна која брзо се вари, може да забележите дека јадете многу повеќе отколку што всушност треба. Тоа е затоа што овој вид на храна ви дава брзо зголемување на енергијата, односно нивото на гликоза во вашето тело нагло се зголемува.
Храната што бавно се вари постепено го зголемува нивото на шеќер во крвта и со текот на времето ќе ви даде уште поголема енергија. Меѓутоа, ако јадете само храна која полека се вари, тоа може да биде многу напорно за стомакот.

Експертите советуваат во еден оброк да не се меша храна што се вари брзо и храна што се вари полека. Исто така, тие не препорачуваат да јадете храна која бавно се вари премногу брзо по јадење на храна која брзо се вари, бидејќи дигестивниот систем сè уште не направил сè што е потребно и така непотребно си го оптоварувате стомакот.
Најдобро време за варење на храната е ручекот кога вашиот дигестивен систем е најактивен. Оброците за појадок и вечера треба да бидат поедноставни и по можност со производи кои брзо се варат, за да добиете енергија набргу по појадокот, односно да го оставите вашиот стомак да мирува во текот на ноќта.

Колку време е потребно за одредена храна да стигне до цревата?
Вода: веднаш
Сокови од овошје и зеленчук: 15-20 минути
Сиров зеленчук: 30-40 минути
Варен зеленчук: 40 минути
Риба: 45-60 минути
Салата со масло: 60 минути
Скробен зеленчук: 1,5-2 часа
Житарки (на пр. ориз): 2 часа
Млечни производи: 2 часа
Јаткасти плодови: 3 часа
Пилешко: 1,5-2 часа
Говедско месо: 3 часа
Јагнешко месо: 4 часа
Свинско месо: 5 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.