За колку пари се купува невеста во Македонија?

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело трговија со дете, а до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје е поднесен предлог за примена на санкција спрема деца во судир со законот над 16 години за истото кривично дело.
Обвинетиот македонски државјанин, соопшти денеска ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, во април годинава со намера да се ожени, ја купил петнаесетгодишната жртва за сума од 1.600 евра од нејзиниот малолетен роднина, иако знаел за возраста на девојчето.
-Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја земал и ја однел на договореното место. Осомничениот ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила прилика и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители, се наведува во соопштението.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинениот.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.