За Мицотакис Преспанскиот договор е проблематичен за Грција

Киријакос Мицотакис, лидерот на грчката опозициска “Нова Демократија“, изјави дека доколку неговата партија дојде на власт ќе се бори за “ублажување“ на последиците од Преспанскиот договор.
Според него договорот со Северна Македонија е “екстремно проблематичен за Грција“ затоа што “меѓу другото тој го признава македонски јазик и македонска националност“. Со тоа се потхранува иредентизмот и национализмот во чувствителниот балкански регион, изјави тој во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.