ЗА НАЈМЕКИТЕ И НАЈКАДИФЕНИТЕ ПЕШКИРИ, КАКО ВО ХОТЕЛИТЕ: Потребна ви е само ЕДНА состојка, која сите ја имаме дома!

Сите сакаме меки и миризливи пешкири. Сепак, многумина не знаат како добро да ги измијат, а во исто време да ја постигнат таа мекост.
За среќа, секогаш постои некој добар трик или совет што можеме да го искористиме.
Мајка од Бризбејн во Обединетото Кралство раскажа што прави за да ги направи крпите совршено меки.
И всушност е многу едноставно.
Имено, таа прво ја полни машината за перење со пешкири, ја поставува на вообичаеното топло перење и се грижи брзината на центрифугирање да биде помеѓу 600 и 800 вртежи во минута.
Потоа, таа додава само половина од количината на детергент за перење што инаку би ја ставила, како и половина чаша алкохолен оцет.
Оваа мајка тврди дека овој метод на перење крпи прави голема разлика, особено во нивната мекост. „Вишокот детергент за перење се собира на пешкирите и ги зајакнува“, рече таа, додавајќи дека оцетот помага да се отстрани тој вишок, па пешкирите на крајот стануваат екстра меки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.