Водителката Наташа Павловиќ кој ја знае целиот регион, па дури и во Македонија по емисијата „Практична жена“ е во среќен брак со продуцентот Предраг Павловиќ.
Таа често во интервјуата кои ги дава во медиумите вели дека е во складен брак и дека разбирањето е она што ги држи двајцата еден до друг.
Во една прилика раскажа и за неговото бурно минато и дека имал „милион“ жени во неговиот кревет.
-Млад човек кога ќе се заљуби веднаш сака да се венча и да има деца, бидејќи мисли дека тоа ќе трае засекогаш. Меѓутоа битно е двајцата да проживеат толку многу за да бракот подоцна биде складен за да не се „полуди“ во педесеттите, вели таа во интервјуто дадено за „Стори“.
Таа во истото раскажува и дека кога влегувала во емотивна врска со него сакала да го дознае целото негово минато.
-Се детално го распрашав и кога сфатив дека имал „милион“ жени и дека излегувал, патувал и правел се што млад човек треба да прави, тогаш си реков – супер. Не дека не ми сметаше што имал толку жени во неговиот живот, туку ми беше драго дека ќе знае повеќе да ме цени, сметав дека научил што сака и што не сака како и јас исто, додава Наташа.
Содржината продолжува после огласот
Овие заборавени апчиња ги чистат крвните садови за 3 дена
Водителката вели дека и таа му го раскажала своето минато кое не било толку бурно како неговото и дека сфатиле и двајцата што сакаат во животот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.