Потребни состојки:
Хартија за печење
Вода
300 г спанаќ
500 г лиснато тесто
50 г кашкавал
1 јајце
Сол и бибер
200 г крем сирење
Бел лук во прав
Чили во прав
Оригано
Шери домати
Начин на подготовка:
Направите елка од хартијата за печење. Поделете го лиснатото тесто на два дела и погледнете ја постапката во видеото за начинот на кој треба да го обликувате тестото.
Исчистете го спанаќот, попарете го со топла вода, исечкајте, промешајте со крем сирење. Додајте сол, бибер, зачини, чили, јајце и промешајте.
Премачкајте го првиот слој од „елката“ и одозгора додајте кашкавал. Одозгора додајте го и другиот дел од тестото. Со помош на нож за сечење пица исечете кришки од средината на секој раб и свртете ја за да направите облик како стебло. Погледнете го видеото за постапката. Премачкајте со јајце, ставете парче шери домат пресечен на половина како украс на елката. Печете во рерна на 180 степени околу 35 минути или додека да добие златно-кафеава боја.