Потребни состојки
За кора:
3 јајца
2 шолји за кафе брашно
3 лажици гриз
1 ванилин шеќер
1 шолја за кафе шеќер
1 прашок за печиво
100 милилитри кисела павлака
1 децилитар масло
1 децилитар јогурт
250 грама јагоди
Фил од гриз:
5 децилитри млеко
100 грама шеќер
12 лажици гриз
250 грама путер
Фил од јагоди:
500 грама јагоди
2 децилитри сок од јагоди
2 кесички пудинг од јагода
5 лажици шеќер
Декорација
200 грама шлаг
100 грама јагоди
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот за да добиете пена. Постепено додавајте ги ванилиниот шеќер, маслото, киселата павлака, јогуртот, печивото гризот и брашното. Добро измешајте и ставете ја смесата во тава намачкана со масло. Врз смесата наредете цели јагоди и ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени. Извадете ја печената кора и оставете ја да се излади.
Во тенџере измешајте ги млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер и ставете ги на оган. Кога ќе зоврие млекото, постепено додајте го гризот и мешајте додека смесата не згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади.
Изладениот гриз измешајте го изматен путер. Испасирајте ги јагодите и измешајте ги со шеќерот. Одвојте мал дел од сокот и со него измешајте го пудингот. Остатокот ставете го во пасираните јагоди и ставете ја смесата на оган. Кога ќе се растопи шеќерот, додајте го и растворениот пудинг и направете густ фил. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади.
На кората нанесете фил од гриз, па фил од јагоди и на крај шлаг. Декорирајте со јагоди.
Добар апетит!