За несреќата кај Ласкарци приведени шест лица

За случајот со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, каде животот го загубија 15 лица, а 39 беа потешко и полесно повредени, полицијата приведе шест лица.
“Алсат-М“, неофицијално, дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на “Дурмо Турс“.
Во врска со деталите за случајот, Јавното обвинителство денес во 10:30 часот ќе одржи прес-конференција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.