За нив бруи цел Холивуд: Ова се најубавите фустани од 98-то доделување на наградите „Оскар“ (ФОТО)

98-то доделување на наградите „Оскар“ се одржа синоќа, а во нашата галерија можете да видите кои дами привлекоа најголемо внимание на црвениот тепих со своите модни изгледи.

Церемонијата се одржа во познатиот театар „Долби“, каде што Американската академија за филмска уметност и наука секоја година ги доделува најпрестижните награди во светот на филмот.

Најголемиот триумф на вечерта го постигна филмот „Една битка по друга“, кој, како што многумина предвидуваа, ја понесе титулата апсолутен победник.

Покрај наградите и филмските достигнувања, големо внимание секоја година привлекува и црвениот тепих, по кој повторно прошетаа бројни светски ѕвезди во гламурозни креации.

Сепак, првиот впечаток на многумина беше дека очекувањата од модните изданија беа поголеми, бидејќи стилизациите што ги презентираа дамите не ги воодушевија сите.

Погледнете ја галеријата за да видите кои дами беа меѓу најдобро облечените на синоќешните Оскари:

Иако црвениот тепих изгледаше малку поскромен отколку во претходните години, некои ѕвезди сепак успеаја да се истакнат и да остават силен впечаток со својот изглед.
The post За нив бруи цел Холивуд: Ова се најубавите фустани од 98-то доделување на наградите „Оскар“ (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: