Потребни состојки:
7 палачинки
3 кисели краставички
3 варени јајца
200 г шунка
200 г сирење
200 г кашкавал
200 г мајонез
200 г кисело млеко
1 лажица сенф
Начин на подготовка:
Промешајте мајонез, кисело млеко и сенф и премачкајте ја секоја палачинка.
Откако ќе намачкате, ставете ситно исечкана или изрендана шунка, кашкавал, јајце, краставица, сирење. На крај премачкајте ја целата солена торта одозгора и од сите страни и украсете ја по ваша желба.