За овој преубав пар на матура со денови зборува целиот регион: Ангела и Дамјан испратија важна порака


-Прво не очекуваш ова да се случи во толкав број и дека сите вака ќе реагираат. Има многу деца со различен хендикеп и инвалидитет кој што со ова би се навредиле, затоа што со самото тоа се прави разлика, како да се тие нешто поинакви, ја започнува својата приказна Дамјан.


Тој додава дека ова никој не треба да го свати како сожалување, туку како поддршка.
-Не сум јас за жалење, се сметам за ист како што е Ангела или било кој друг, но и таа мене за таков ме смета. Инаку, животот е борба, сите ние имаме непријатности и лоши искуства поради нешто, но сметам дека тоа се се надминува преку љубовта. Она која ја добивате од блиските, но и она кја ја давате на другите, истакна за „Телеграф.рс“ Дамјан.

Неговата другарка Ангела која 2020 година треба да матурира одлучи да му биде партнерка, веднаш откако и сопшти дека девојката со која требало да оди на матура, од оправдани причини го откажала доаѓањето.

-Најпрвин мислеше дека тоа е голема обврска и дека не може да се изведи, но јас сепак го направив тоа. Неговото воодушевување и воозбуденост ме исполнија и се потрудив да му биде една од најубавите вечери. Искрено не очекував толкава голема поддршка и медиумска покриеност од сите страни, дури во едни моменти ми беше и непријатно, раскажува Ангела, другарката на Дамјан.
Извор:курир.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.