По дуетот со Наум Петрески, ,,Животе, брате” кој го промовираа минатиот месец, односно пред три недели, музичкото дуо ДНК сними нов дует, овојпат со младата Теа Трајковска.Новиот дует е насловен ,,Амајлија” и автори на истиот се Панчо и Лазар Цветковски.Музичарите снимиле и видео запис за песната, во Златибор, во хотелот ,,21st centry Zlatibor” изграден од компанијата Адора.Полесен спот досега немаме снимено! Снимањето се одвиваше во ексклузивниот хотел кој го изградија нашите пријатели од Адора, и имавме одличен дочек од персоналот. Ни беше овозможено се што побаравме за потребите на снимањето, вели Панчо.Покрај хотелот во Златибор, снимањето се одвивало и на ранчот Зова.Режисер на видео записот е Даниел Јовески, кој се потпишува и на други проекти на ДНК, и истиот од вчера е прикачен на музичкиот канал Јутјуб.
Пронајдете не на следниве мрежи: