Совршен рецепт од кујната на баба Јела.
Состојки:
Готови тенки кори
150 гр сирење
1-2 јајца
1 лажичка прашок за пециво
200 гр спанаќ
1 пократко сукало
Масло
Подготовка:
Спанаќот исцедете го и исечкајте го. Иситнете го сирењето, додадете ги јајцето и прашокот за пециво. Соединте. Намрсете ја кората, премачкајте ја со четка, ставете го сукалото на крајот од кората, па завиткајте ја со кора и оставете за три прста
Згужвајте од двете страни и извадете ја од сукалото.
Свиткајте ја во круг, а кората што не е свиткана ставете ја на средина на фил од спанаќ и затворете го кругот. Потоа ставете во подмачкан плех за мафини.
Ставете една лажица фил во средина.
Совршено за појадок, ужинка или вечера.