За прва доза 100 долари: Њујорк им дава пари на граѓаните кои примаат вакцина

Њујорк од петок ќе плати 100 американски долари на секој што ќе ја прими првата доза на вакцина во центарот за вакцинација што го води градот, објави градоначалникот Бил де Блазио.
Неговата најава доаѓа само неколку дена откако тој објави дека Градот Њујорк ќе побара од сите вработени во јавниот сектор, вклучително и наставници и полицајци, да се вакцинираат против коронавирусот до средината на септември, пренесува NBC.
Се проценува дека ова може да вклучува околу 340 000 вработени во јавната администрација на Њујорк.
Има голем пораст на бројот на нови случаи на коронавирус во тој град, што се припишува на ширењето на варијантата делта.
Според податоците на градскиот секретаријат за здравство, меѓу жителите на Њујорк, помеѓу 45 и 65 проценти од луѓето се целосно имунизирани, во зависност од делот на градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.