недела, 15 ноември 2026
Најново

За првпат Дубаи екстрадираше осудено лице во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ. Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница.

Поврзани вести