За Путин гласале 76 милиони граѓани, најдобар резултат во Чеченија со 98,99 проценти






Актуелниот претседател на Руската Федерација, Владимир Путин, на претседателските избори освои 87,28 отсто од гласовите или 76 милиони гласови врз основа на резултатите од обработката на 100 отсто од протоколите. Ова произлегува од податоците објавени на официјалната веб-страница на Централната изборна комисија на Руската Федерација, пренесува ТАСС.

Во Република Чеченија рускиот претседател Владимир Путин освои 98,99 отсто од гласовите, што е негов најдобар резултат во целата земја.

На изборите во 2012 година во Чеченија за Путин гласале 99,76 отсто.

Според податоците на Изборната комисија на претседателските избори, на кои Путин го освои петтиот претседателски мандат, на изборите излегле 97 проценти од регистрираните гласачи.
Путин освои околу 90 отсто од гласовите и во останатите кавкаски републики.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: