За сега девет загинати и 300 исчезнати во пукање на брана во рудник

Како што соопштуваат бразилските власти најмалку девет луѓе загинаа, а околу 300 се водат за исчезнати по пукањето на рударска брана во југоисточниот дел на Бразил. Според нив, иако акцијата за пронаоѓање на исчезнатите продолжува, мали се шансите да бидат пронајдени преживеани, па се стравува дека дека бројката на жртви ќе се зголемува.
Водата од акумулацијата на пукнатата брана поплави делови од местото Вила Фертеко, носејќи со себе потенцијално отровен отпад, што предизвикува страв од можно загадување на животната средина. Според противпожарната служба, неколку десетици лица се заглавени во поплавеното подрачје и очекуваат до нив да стигнат спасувачките екипи.
Во соседниот град Брумадињо е наредена делумна евакуација на населението. Причините за пукањето на браната засега не се познати. Од компанијата ВАЛЕ, во чија сопственост е рудникот велат дека не знаат што точно се случило, и дека следува истрага за инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.