За фит линија потребен ви е само правилен баланс во исхраната

Ви ги донесуваме најважните информации кои ќе ви помогнат подобро да ги испланирате оброците во иднина и да направите баланс во исхраната:
Протеини
Протеинот е можеби најзапоставената хранлива материја во планирањето на оброците и мора да биде основа на оброкот, доколку сакаме ефикасно да изгубиме тежина. Протеините нè одржуваат сити подолго време, ја обезбедуваат потребната енергија за нашиот метаболизам, со цел да ги согориме вишокот масни наслаги и помагаат во градењето на мускулното ткиво, кое троши многу повеќе енергија отколку масните клетки во организмот. Исхраната побогата со протеини, со помала количина јаглени хидрати, го зголемува липидниот профил во крвта, ги забрзува метаболичките процеси и со тоа нè штити од дијабетес и срцеви заболувања.


Јаглехидрати
Ако драстично го намалите внесот на јаглени хидрати и ја базирате вашата диета на протеини, ќе изгубите тежина за многу кратко време. Едноставните јаглени хидрати доведуваат до брзо зголемување на шеќерот во крвта, што резултира со појава на глад во многу краток период по оброкот. Сепак, не е добро целосно да се елиминираат јаглехидратите од исхраната, туку да се заменат едноставните и нездрави со сложени и здрави јаглени хидрати, кои треба да бидат дел од здрав појадок, затоа што тие најдобро се разградуваат во нашето тело во претпладневните часови.
Влакна
Внесувањето овошје, зеленчук и интегрални житарки е многу важно за да се зголеми внесот на влакна, кои се неопходни за варење, а во исто време да се зголеми чувството на ситост и да се намали потребата од дополнителен внес на калории.
Ова се најздравите грицки на светот: Само еден грст…


Здрави масти
Јаткастите плодови се дефинитивно најдобриот извор на здрави масти, неопходни во вашата исхрана. Иако тие се богати со калории, јатките се исто така богат извор на протеини, растителни влакна и здрави масти, па затоа во одредена количина треба да бидат дел од вашата диета на дневна основа, да речеме како една од двете дневни закуски.
Алкохол и засладени пијалаци
Многу научни студии од оваа област потврдија дека алкохолот и засладените пијалаци имаат ефект врз зголемувањето на телесната тежина, а покрај тоа го зголемуваат ризикот од дијабетес тип два, па затоа се препорачува консумацијата на овие пијалаци да се сведе на минимум.
Појадок и големина на порции
Прескокнувањето на појадокот се покажа дека има последици во форма на зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, се препорачува дневниот внес на калории да се подели на 5 помали оброци, така што метаболизмот да работи во текот на денот и успешно да ги согорува внесените калории.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.