,,За четворица ранети Чеченци ќе убиеме 400 украински војници!” – Кадиров подготвил 84.000 доброволци за нападот на Грозн: Киев тврди дека нападот дошол од Русија (ВИДЕО)

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се закани со одмазда за синоќешниот напад со дрон врз главниот град Грозни.„Киев пост“ објави дека Кадиров го опиша инцидентот како „патетична акција“ која само ја зајакна решителноста на Чеченија.Чеченските медиуми и лидерот на таа руска република објавија дека беспилотни летала ја погодиле касарната на специјалниот полициски полк во Грозни.– Во нападот е оштетен покривот на зградата, искршени се стаклата, а полесно се повредени четири лица кои чуваа стража – изјави Кадиров во првата реакција.Тој рече дека дронот бил соборен над полициските бараки околу еден час по полноќ.– Никој не е сериозно повреден. Четворица чувари се здобиле со полесни повреди – рече Кадиров.После тоа, тој се закани дека резервните сили со 84.000 доброволци се „подготвени за распоредување“ на украинскиот фронт.– За овие четворица ранети ќе убиеме 400 украински војници – рече Кадиров.Руското Министерство за одбрана соопшти дека 16 украински беспилотни летала биле пресретнати и уништени во текот на ноќта, од кои еден во Чеченија, три во Северна Осетија, четири во областа Курск и осум над Крим.Цел на вечерашниот напад во Грозни бил специјален полициски полк именуван по Ахмат Кадоров, првиот чеченски лидер кој ја имал поддршката од Москва и татко на актуелниот лидер.Истата касарна минатата недела беше цел на украинско беспилотно летало, кога на 4 декември исто така беше погодена бензинска пумпа, при што беа повредени цивили.Претходно, првиот напад со беспилотни летала на територијата на Чеченија беше извршен на 29 октомври, кога цел беше Универзитетот на руските специјални сили во Гудермес.Тогаш Кадиров првично рече дека нема жртви, а потоа тврдеше дека таму загинале украински воени заробеници, кои ги користел како жив штит.Тој ја обвини Украина за нападот, иако Киев не ја презеде одговорноста за нападот.
❗️ Drones attack the territory of the Kadyrov special police regiment in Grozny, Chechnya. There are woundedThe barracks are less than 4 km from the residence of Chechen leader Ramzan Kadyrov. The same complex was attacked by a drone last Wednesday, December 4. pic.twitter.com/MWIADLyW38— NEXTA (@nexta_tv) December 12, 2024
Извор од украинската разузнавачка служба тогаш за киевските медиуми изјави дека нападот очигледно бил извршен од соседните руски републики Дагестан и Ингушетија.
Last night, Ukrainian drones targeted the territory of the Kadyrov Special Police Regiment in Grozny. The Head of the Chechen Republic, Ramzan Kadyrov, confirmed the attack, reporting that four officers were injured. pic.twitter.com/kfz2ZopCm8— ASTRA (@ASTRA_PRESS) December 12, 2024
Во врска со синоќешниот напад, „Киев пост“ се повикува на неименуван извор од украинските специјални сили, кој потврдил дека се случил напад на Грозни, но дека најверојатно бил извршен од Дагестанци кои биле насочени кон Путиновиот Универзитет на руски специјални сили.
In Grozny, the capital of Russia’s Chechnya region, drones hit a special forces barracks, leaving several soldiers injured.Chechen leader Ramzan Kadyrov stated that debris from a downed drone caused a “small fire.” pic.twitter.com/3fOhfg9Ke3— KyivPost (@KyivPost) December 12, 2024
Тој додаде дека новиот удар може да биде „продолжение на претходните судири со силите на Кадиров“.

Пронајдете не на следниве мрежи: