За што најмногу лажат мажите и жените?

За што мажите најмногу ги лажат жените?

Речиси да не постои жена која се бори со барем еден комплекс кој ѝ е главна преокупација, како на пример комплексот и лажењето за зголемената телесна тежина или бројот на години. Сепак и мажите не се ослободени од ваков сличен товар.

За што мажите и жените најмногу лажат?

За годините
Во текот на тинејџерските години мажите со цел да освојат некоја девојка лажат дека се барем 5 години постари отколку што се. Како што проаѓаат годините, ситуацијата почнува да се менува, па така четириесеттите години пополека стануваат триесетти.

За висината
Еден од најголемите машки комплекси е токму висината. Мажите коишто се пониски, честопати се чувствуваат несигурно покрај некоја убавица поткачена на високо, па ако и вашиот партнер е висок приближно колку вас, не претерувајте со потпетиците.

За примањата
Имањето пари и добар автомобил се сон на речиси секој маж. Во денешно време кога имиџот на луѓето е попривлечен од онаа вистинската внатрешна убавина, тешко е да се остане прибран. Токму поради тоа мажите се чувствуваат помоќно доколку во дадена прилика спомнат дека се финансиски добро ситуирани.

За негувањето со козметички препарати
Иако козметиката е женска област, сè повеќе и повеќе мажи започнаа да ја откриваат магијата на мазната и сјајна кожа и мирисливата коса. Иако нема да ви признаат, повеќето мажи со задоволство би испробале производи за нега на лице, тело и коса.

За тежината
Тежината е дефинитивно нешто за кое не сакаат да зборуваат повеќето жени, па ако е потребно без никаква грижа на совест ќе кажат лага. Слично е и кај мажите, но во двете насоки. Истражувањата покажале дека 60% од мажите ќе кажат помал број на килограми, а 40% ќе додадат килограми, во зависност од комплексот – преслаба или дебела фигура.

За сексуалната активност
Сексуалната моќ е многу јако оружје за мажите, особено во текот на машките разговори. Токму поради тоа во таквите муабети многу често ќе се провлече и по некоја лага. Лагата за поголем број сексуални активности е посебно присутна кај слободните мажи кои меѓусебно се натпреваруваат.

За големината на половиот орган
Оваа тема навистина не е потребно да се објаснува, бидејќи од памтивек големината на половиот орган била доказ за машкоста. Без разлика што големината не гарантира квалитет во сексот, што можат да го потврдат поголемиот број жени, нема да навлегуваме во деталите бидејќи што и да речат тие, мажите ќе го тврдат спротивното.

За мастурбирањето
Без разлика што мажот ѝ зборува на својата партнерка, жените мораат да бидат свесни дека 99,9% од мажите редовно мастурбираат. Ако на жените не им се допаѓа овој податок, најдобро ќе биде ништо да не ги прашуваат своите партнери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.