За 24 часа хоспитализирани уште четири лица со морбили

Во изминатите 24 часа од 10 прегледани пациенти со клинична слика на морбили четири се примени на болничко лекување. Хоспитализирани се осумгодишен вакциниран ученик од село Илинден од Скопје, невакцинирано едногодишно дете од Чаир, невакциниран 45-годишник од Студеничани и невакцинирано осуммесечно дете од Студеничани, изјави денес д-р Владимир Микиќ, претставник од Комисијата за заразни болести. Амбулантски се прегледани уште шест пациенти, но тие се упатени на домашно лекување.
– Меѓу нив имаме невакцинирано осуммесечно дете од Тетово, 41-годинишник од Тетово без податок за вакцинирање, 40-годишник од Гостивар за преглед и три пациенти од Скопје, од кои двајца се возрасни, вакцинирани со полесна клиничка слика и осумгодишно дете од Сарај вакцинирано, потврди д-р Микиќ.
Во моментов на Клиниката за инфективни болести има вкупно 36 пациенти, од кои 19 се возрасни и 17 се деца, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.