четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зборовите што му ги говореше додека се гушеше низ солзи се уште одѕвонуваат во ушите на сите- еве што му порача ќерката на Џеј

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски, вчера беше погребан во „Алејата на заслужни граѓани“ во Белград, а тоа е и според барањето на српскиот Претседател Вучиќ таму да му биде вечниот дом.
Џеј беше погребан според муслиманските обичаи, бидејќи по потекло е Муслиман, а потеклото го води од неговите родители, баби и дедовци од околината на Ресен, кои Македонија ја напуштиле после Втората Светска војна населувајќи се во Србија во која Џеј бил роден.
За жал неговиот (боемски) живот не траеше долго. Почина на 56 години. На погребот на пејачот му беше исполнета последната желба – на гробот да му засвират 50 виолини. Ќерката Марија исклучително тешко го поднесе простувањето од татка си.
– Тато, те молам разбуди се да видиш дека сите ти дојдоа. Како ќе продолжам понатаму без тебе. Стани и погледни не’ барем уште еднаш, извикуваше таа гушејќи се во солзите.

 

Поврзани вести