Згасна бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, избришан е од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува и е избришан од регистарот.

Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.
Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.