четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зголемен наградниот фонд на Вимблдон

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Организаторите на Гренс слем турнирот во Вимблдон, соопштија дека наградниот фонд оваа сезона ќе биде зголемен за 40 отсто, односно дека тој ќе изнесува 34,4 милиони долари.

Како што наведоа од „Се' Англискиот клуб“, ова е најголем, вкупен награден фонд во историјата на професионалниот тенис. Победниците во машка и во женска конкуренција ќе заработат по 2,4 милиони долари, минатата сезона победата во сингл се наградуваше со 1,75 милиони. Исто така организаторите на неофицијалното Светско првенство во тенис, открија дека и на теренот број 1 ќе биде изграден подвижен кров, каков што веќе постои на централниот терен. Вимблдон оваа сезона ќе се одржува од 24.јуни до 7.јули.
Макфакс
Организаторите на Гренс слем турнирот во Вимблдон, соопштија дека наградниот фонд оваа сезона

Поврзани вести