Здрава намирница од која всушност најмногу се дебелееме во стомакот

Нашето тело не сака да складира масти, а тајната на слабеењето не е во броењето на калории.

Тајната е во соработувањето со своето тело – почитување на реалното чувство на глад и изедначен ритам на спиење за да ги согорите мастите, да ја запрете желбата за грицкање и да ја обновите енергијата.

Истражувањата покажале дека нашето тело влегува во замката која сама му ја поставуваме кога станува збор за исхраната и спиењето, а сè благодарение на погрешниот избор на храна која ја внесуваме во текот на денот.
Резултатот на тоа е следниот – заробени сте во циклусот на таложење на мастите, константен проток на хормони кои изразуваат глад и кој ја зголемуваат желбата за храна.

Дали сте знаеле дека дури и одредени здрви намирници можат да му нанесат штета на нашето здравје?
На пример, храната која го дебелее стомакот е секојдневно присутна на нашата трпеза, а можеби и за тоа не сме свесни. Не мора ниту да ја консумирате во голема количина, а таа секако дека ќе придонесе на изгледот во пределот на струкот.

И, верувале или не – станува збор за млекото.
Поголем дел производи од млеко (сладолед, јогурт, кефир) природно содржат одредена количина на шеќер – лактоза. На пример, 250 милилитри млеко содржат 15 грама лактоза, тоа според поголем дел од нутриционистите е премногу, па дури и за лицата кои беспрекорно ја варат својата храна во телото.

Имено, доколку ви недостасува лактоза или консумирате премногу млеко, шеќерите ќе останат несварени и во тенкото црево ќе ја започнат својата ферментација.
Резултатите на тоа ќе бидат надуеност и гасови, а вишокот шеќер се претвора во сало.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.