Здрава храна што треба да ја избегнувате доколку сакате да ослабете

Кога сакаме добро да се грижиме за нашето тело, првата работа на која помислуваме е овошјето како нискокалорична и здрава храна, јадејќи ја за ужина, па дури и наместо вечера. Ова, сепак, не е важи за секој вид овошје. Многу од нив содржат премногу шеќер, речиси колку што содржи и чоколадото.
Кои намирници треба да ги избегнувате?
Смути


Смути е здрав напиток, но количината на шеќер во само едно смути може да доведе до прекорачување на препорачаниот дневен внес. Возрасните не треба да консумираат повеќе од 30 г шеќер дневно, а децата повеќе од 24. Едно смути содржи меѓу 60 и 80 г шеќер.
Кајсии
Премногу кајсии може да доведат до проблеми со варење, но главната опасност е во семките треба да знаете дека содржат амигдалин, кој претставува водороден цијанид во стомакот. Тоа е моќен отров кој може да предизвика гадење, вртоглавица и несвестица ако се консумира во големи количини.
Авокадо


Авокадото не е производ кој треба да го јадете кога сте на диета. Тоа има многу енергетска вредност.
Грозјето е меѓу најлошите плодови и за вашата фигура и за целокупното здравје. Грозјето содржи многу шеќер, тешко се вари, а киселините во него ја оштетуваат забната глеѓ.
Ориз
Јаглехидратите се важен дел од секоја исхрана. Кафеавиот ориз е подобар од белиот, но не треба да претерувате со оваа намирница. Една шолја варен кафеав ориз содржи 40 г јаглехидрати, исто како и 3 до 4 кришки леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.