Здрава чоколадна торта!

Обожавате чоколадна торта? Со овој рецепт уживајте во превкусна чоколадна торта, без да му наштетувате на вашето здравје, внесувајќи милион калории!


Потребни состојки:
за тесто:
250г киноа
175г урми
4 лажици какао во прав
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка ванила
прстофат сол
2 лажици чиа семе
за фил:
2 авокада
3 лажици какао
2 лажици кокосово масло
4-6 лажици засладувач (агаве или јаворов сируп)
овошје за декорација


Начин на подготовка:
Киноата ставете ја во вода и оставете да кисне 15-тина минути, а потоа процедете ја водата, а киноата ставете ја во блендер. Додадете ги останатите состојки за тестото и 2 чаши вода и убаво изблендирајте.
Смесата истурете ја во тавче прекриено со хартија за печење и печете на 180 степени, околу 30-тина минути.
Оваа количина на смеса за тесто може да ја поделите во 2 тави или да печете во една, а потоа да ја исечете на 2 еднакви круга.
во меѓувреме подгответе го чоколадниот фил.
Излупете ги авокадата, исечкајте ги на парчиња и ставете ги во блендер заедно со останатите состојки за фил.
Блендирајте додека се добие кремаста структура.
Со филот премачкајте помеѓу двете теста, и врз тортата, а декорирајте со свежи малини и боровинки!
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.