Потребни состојки:
-лажица маслиново масло
-исечен кромид
-320 г морков
-ловоров лист
-500 г мелено јунешко месо
-3 чешни рендан лук
-400 г исечени домати
-2 лажици доматно пире
-400 мл полумасно млеко
-30 г интегрално брашно
-прстофат мускантно оревче
-6 листови лазања
-25 г рендан пармезан
Начин на подготовка:
Загрејте ја печката на 180 степени. Во голема тава загрејте го маслото и на него пржете ги кромидот, морковот и еден ловоров лист, околу 8 до 10 минути, додека не омекне зеленчукот и добие златеста боја.
Додадете ги лукот и месото, па пржете додека месото не ја впие сета вода, околу 5 минути. потоа додадете го доматното пире и шолја вода, па доматите. Оставете да се вари околу 20 минути, по 10 минути отстранете го капакот за да се редуцира течноста.
За тоа време, ставете млеко во тенџере со средна големина и додадете брашно па ниска температура мешајте додека не добиете глатка смеса. Додадете еден ловоров лист и мускатно оревче, па продолжете да мешате околу 10 минути, додека не згусне.
Извадете ги листовите, дното на садот за печење прекријте го со мешавина со мелено место и прекријте со два листа лазањи повторете ја постапката со мелено место. На крајот, прелијте со белиот сос и наросете рендан пармезан.