Здрави намирници кои може да ги јадете навечер

Малини, јагоди, боровници – богати се со влакна кои ќе ви помогнат да се чувствувате сити, а освен тоа содржат и магнезиум, минерал кој ги опушта нервите и мускулите.
Морков и хумус
Ако сакате да јадете нешто крцкаво што не содржи многу калории, ова е одличен избор. Свежиот морков и хумус се добра и здрава комбинација.
Пуканки

Кога ви се јаде нешто солено, пуканките се идеален избор. Богати се со влакна и ќе ве заситат.
Избегнувајте пуканки со путер или чоколадо бидејќи подобри се оние со маслиново масло или свежи зачини.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови како што се лешници или бадеми се богати со протеини и магнезиум, па ќе го задоволат вашиот апетит и ќе ви помогнат да заспиете полесно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.