Во соодветен сад ставете ја водата да зоврие, додадете ја палентата и лук по желба, па оставете да се вари на умерена температура, со повремено мешање, додека да испари течноста, а палентата да добие кремаста структура.
Во меѓувреме, во тава со малку масло ставете малку кромид и печурки, па пржете ги додека кромидот малку омекне.
По желба додадете и пиперка или морков.
Ако одлучите да ја направите палентата со брокул и тиквичка, нив треба да ги ставите да омекнат на пареа, околу 5 минути.
Ставете го зеленчукот врз палентата, додадете сол, оригано, црн бибер или други зачини по вкус, а најгоре ставете малку рендан кашкавал.
Палентата со зеленчук е здрава и нискокалорична храна која речиси и не содржи масти.
Хранете се вкусно, хранете се здраво!