Одличен топол, здрав и чоколаден напиток за овој период од годината. Вкусот ќе ве освои со првата голтка и ќе поскате да го направите повторно и повторно…
Ова здраво топло чоколадо може да ви биде одличен појадок или пак идеа за вкусна вечера набрзина.
Нутритивни вредности по чаша: 247 калории, 31.8 g јаглехидрати, 12 g масти и 7.2 g протеини.
Во соработка со: omniblend.mk
Потребни состојки (за 3 чаши):
4 лажички хељда
4 лажички овесни снегулки
2 лажички лен
2 лажички сончоглед
10 до 15 непечени и несолени лешници
6 свежи урми без семка
2 лажички какао
пола лажичка цимет
600 ml топла вода.
Начин на подготовка:
Сите состојки ги ставаме во омнибленд блендерот и додаваме првин околу 250 ml од топлата вода, блендираме два пати на автоматската програма од 90 секунди, па потоа додававме уште 350 ml топла вода и повторно блендираме уште 3 до 4 минути.
Слободно експериментирајте со додавање на вода во зависност од тоа колку го сакате густо топлото чоколадо.
Постапката за подготовка можете да ја погледнете и на нашето видео подолу.
Гледано од нутритивен аспект ова топло чоколадо е одлична ризница на хранливи нутритиенти и витамини.
Хељдата е одличен извор на железо, магнезиум и цинк, содржи и витамини од групата Б, но богата е со протеини. Не содржи глутен, го стабилизира нивото на шеќер во крвта, помага при намалување на килограмите и создава чувство на ситост!
На здравје!