Чајот од ѓумбир успешно штити од инфекции и воспаленија и го чува имунитетот.
Потребни состојки:
1 корен од свеж ѓумбир со дебелина од 2,5 сантиметри, исечкан на кришки
1 шолја вода
Додајте вкус по желба((изберете само еден): цимет, куркума или неколку листови нане
Свеж лимон или портокал
1 лажичка мед
Начин на подготовка:
Изрендајте ѓумбир и вода и промешајте во тенџере. Ако сакате додајте цимет, куркума, нане. Оставете да зоврие, потоа намалете ја температурата и оставете да врие 5 минути. Тргнете го садот од оган. Процедете ја течноста. По желба сервирајте со лимон или портокал. Додајте мед. Чајот послужете го топол.