Jајцата се одличен избор за појадок, а ние ви предлагаме два рецепти: омлет и кајгана, во зависност од тоа колку време имате на располагање.
Ако имате време наутро и појадувате дома, удобно седнати на маса, направете си фантастичен омлет што не само што изгледа одлично, туку и има супер вкус.
Ако пак, сте во брзање, истите состојки ставете ги во порцеланска шолја и испечете ја кајганата во рерна. Овој појадок може да го јадете „од нога“ или да го понесете на работа.