четврток, 12 ноември 2026
Најново

Здрав појадок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Смути за детоксикација
За денес одбравме појадок кој ќе ве освежи, ќе ве наполни со енергија, но ќе ви помогне и за полесна детоксикација. Смути со јаболко, ѓумбир и портокал.
Потребни состојки:
1 јаболко
1 портокал
малку свеж ѓумбир
200 ml вода или кокосова вода (подгответе ја кокосовата вода така што 2 лажици кокос ќе ги прелиете со 200 ml вода, оставете да стои 2 часа и потоа процедете)
1 лажичка чиа семе
½ лажичка куркума
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте. Испијте го ова детоксикациско смути на гладен стомак.
На здравје!

Поврзани вести