Здрав ручек: Кремасто пилешко со лук и шарена салата со 3 вида мешунки

Дали сте расположени за здрав оброк кој се подготвува брзо и лесно? Речиси и не постои човек кој не сака пилешко месо, а ова се подготвува во кремаст сос со кралот на антиоксидантите – лукот.
Во комбинација со здрава и шарена, вкусна салата од 3 вида мешунки дефинитивно ќе се покажете како врвни готвачи на домашна храна:
Потребни состојки (за пилешкото со лук):
2 големи парчиња пилешки гради исечени по должина на половина
Малку брашно


1 лажица маслиново масло
2 лажици путер
1 главица исчистен лук
1 пилешка коцка за супа стопена во шолја врела вода
1 лажичка сок од лимон
1 шолја (околу 250-300 ml) павлака за готвење
Сол и бибер по вкус (по желба се додава и свеж магдонос)
Начин на подготовка:
1. Парчињата пилешко зачинете ги со сол и бибер и добро извалкајте ги во брашно.
2. Стопете 1 лажица путер со 1 лажица маслиново масло во тава за пржење на средна температура. Гответе ги парчињата пилешко од секоја страна 4-5 минути или додека не добијат убава, златна боја. Кога пилешкото ќе се испржи, извадете го од тавата и тргнете го на страна.
3. Намалете ја малку температурата и додадете го останатиот дел од путерот, односно уште 1 лажица. Оставете да се стопи, а потоа додадете ги исчистените лукчиња. Промешувајте и оставете да се готват 3-4 минути или додека не станат малку кафеави однадвор.
4. Додадете ја течноста со пилешката коцка и сокот од лимон и оставете ја течноста да врие околу 4 минути или додека малку не се згусти.
5. На крајот додадете ја павлаката за готвење, а во неа и пилешкото месо. Гответе уште 5 минути или додека сосот убаво не се згусне. Додадете свежо исечкан магдонос по желба.


Потребни состојки (за шарената салата):
350 g свежа боранија (зготвена на пареа)
1 конзерва црвен грав (измиен со вода и прецеден)
1 конзерва ситен, бел грав или наут (измиен и прецеден)
Свежо сечкан магдонос (по желба може да додадете и свеж босилек)
Сол и бибер
За преливот:
1/2 лажичка сенф
1/2 лажичка мед
1 лажица јаболков оцет
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук, ситно исечкано
Начин на подготовка:
1. Во подлабок сад помешајте ги трите вида на мешунки: свежо зготвената боранија, двата типа грав или наутот, по желба.
2. Во помал сад измешајте ги сите наведени состојки за преливот. Прелијте ја салатата и зачинете со сол и бибер. Додадете свеж магдонос и босилек по желба.
Печете го колачот околу 45 минути во рерна претходно загреана на 180 степени. Кога ќе се биде готов, извадете го од рерната, оставете го да се олади, па посипете го со шеќер во прави и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.