Овој кремаст и здрав десерт, лесен за подготовка ќе направи повеќе никогаш да не посегнете по вештачки засладените пудинзи полни со калории!
Потребни состојки:
2 зрели авокада
3 лажици сируп од агаве, јаворов сируп
или друг засладувач по вкус
3 лажици какао во прав
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 шолја оризово млеко
Излупете ги двете авокада и извадете ги семките.
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека добиете густа, кремаста структура.
Додатете млеко или вода доколку сакате помалку густ пудинг.
Сервирајте во стаклени садови и оставете 1-2 часа во фрижидер.
Овој пудинг може да се користи и како крем за торти и колачи.