ЗЕКИРИ | Судењето повторни одложено, неизвесно е следното поради неговата лоша здравствена состојба

Вештакот кој го ангажираше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска известил дека обвинетиот Мухамед Зеќири не е способен да следи судења поради нарушено здравје.

Со ова се потврдува мислењето на техничкиот советник Александар Марцикиќ, кој на претходните рочишта го правдаше отсуството на Зеќири. Судењето се одложи, а неизвесно и одржувањето на наредното. Се ќе зависи од тоа колку брзо Зеќири ќе закрепне пренесоа повеке медиуми.

– Мислењето на вештото лице го имате. Дадено е мислење дека не е способен да го следи судењето поради здравствената состојба, што е привремено. Наредното рочиште е на закажаниот термин, им посочи судијката Јанчулева-Михаиловска на адвокатите.

Пред одржувањето на наредното рочиште, Зеќири ќе има уште еден преглед од вештото лице на судот. Наодот ќе го даде одговорот дали обвинетиот, по неколку одложени рочишта, ќе може да се појави на суд. На наредното рочиште ќе треба да се закажат термини за наредни рочишта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.